Европратеничката Стрик вети притисок за нерелевантните критериуми да не бидат услов за членство     Фото: MIA

Процесот на пристапни преговори со ЕУ треба да биде со фер критериуми без толкаво влијание на билатералните прашања. Ќе се обидеме да го исчистиме овој процес и да се осигураме дека тоа ќе биде процес заснован на критериуми како реформи, владеење на право, фундаментални човекови права, судство. Ова е ставот на европратениците од Зелените – Групата на Теса, Тинеке Стрик и Рајнхард Бутикофер кои денеска беа во посета на Собранието на Северна Македонија.

Тинеке Стрик истакна дека ќе направат притисок во Европската Комисија нерелевантните критериуми да не бидат основа за преговорите за членство.

„Да се осигураме дека нема да има да има злоупотреба од страна на држави членки на ЕУ кои ќе ги наметнуваат на оние кои се надвор од клубот. Доколку се почитува владеење на правото и човековите права без разлика на историја и идентитет тоа значи дека се исполнети условите за членство, изјави Стрик.

Според неа францускиот предлог предизвикал поларизација во македонското општество и намалување на довербата во ЕУ.

Европратеникот Бутикофер не гледа ништо спорно во вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав, но по завршувањето на преговорите.

„Мислам дека е важно да избегнеме да влеземе во период на поставување пречки една по една. Тоа не би било во духот на Европа и во духот на она што го ветија одредени држави”, изјави Бутикофер.

TRT Balkan / агенции
Популарни