Судот одлучува по доказите доставени од обвинителот / Photo: AA

Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако обвинителот Карим Кан поднесе барање за налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и тројцата лидери на Хамас.

„Судот треба да дали ќе ги издаде овие наредби, откако ќе ги испита доказите презентирани од обвинителот во прилог на неговите обвинувања. Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд, неговата независност и борбата против неказнивоста во сите ситуации“, соопшти вчера француското Министерство за надворешни работи.

Официјален Париз, исто така, потсети дека неколку месеци предупредуваше за неопходноста од строго почитување на меѓународните хуманитарни закони, а особено за неприфатливото ниво на цивилни жртви во Појасот Газа и недостатокот на хуманитарен пристап.

Ставот на Франција претставува значително отстапување од позициите на нејзините западни сојузници, како што се Велика Британија и Италија, како и САД, чиј претседател Џо Бајден ја нарече одлуката нечуена.

Франција се издвојува како една од ретките западни земји кои сакаат да заземат построг став кон Израел, вклучително и критикување на американското вето на резолуциите за прекин на огнот во Советот за безбедност на ОН и притисок за итен прекин на огнот.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври минатата година во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 35.500 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 79.300 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни