Фахретин Алтун, шефот на Дирекцијата за комуникации на Туркије, повика на глобална акција против Израел, обвинувајќи го Тел Авив за геноцид врз Палестинците.
„Израелската влада има ненаситна жед за крв и солзи на невини луѓе. Во Тел Авив има убиствен режим кој врши геноцид пред очите на цивилизираниот свет“, рече денеска Алтун во изјавата споделена и на X.
Алтун ги опиша нападите на Израел врз изгладнети, бездомници и беспомошни луѓе како директна навреда за колективната совест на човештвото.
„Неговото непочитување на човечкиот живот е толку вкоренето во самата психа на израелската влада. Тоа е срамно, ужасно и одвратно“, додаде тој.
Поддршка од САД
Тој тврди дека продолжувањето на израелската окупација и отфрлање на Палестинците немаше да биде возможно без помош и поддршка на глобалната суперсила на светот која како што рече толку години се преправаше дека посредува за мирот
„Израел на сите ни кажува многу отворено дека сето тоа биле лаги и измами. Нивната единствена цел била да ја овековечат и да ја прошират окупацијата. Израелската влада мисли дека има целосна слобода на дејствување, со оглед на поддршката на САД. Но, тие се земја на чело во очите на целиот свет. Без легитимитет, нема државно творештво. Израел ќе остане запишан во историјата како режим кој изврши војна злосторства и злосторства против човештвото“, изјави Алтун.
Итност за изградба на палестинска држава
Во изјавата Алтун повика на меѓународно единство против насилството нанесено врз невини жени, деца и постари лица.
„Не можеме да стоиме со скрстени раце и да го гледаме ова лудило. Мораме заедно да му се спротивставиме на Израел дури и ако неговите покровители продолжат да ги штитат”, истакна шефот на Дирекцијата за комуникации на Туркије.
Тој ја нагласи итноста за изградба на палестинска држава и барајќи одговорност од одговорните за насилството.
„Светот не може повеќе да чека. Мораме да го запреме ова насилство и да изградиме палестинска држава што е можно поскоро, без разлика што велат Израелците. Оваа војна мора да заврши. Одговорните мора да одговараат. Цивилизираните нации мора да ги исполнуваат своите самопрогласени принципи и идеали. Човековите права и достоинството не можат да останат само на хартија. Израел треба да одговара за неговите злосторства против човештвото“, рече Алтун.