Фидан во Анкара одржа прес - конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Туркије Хакан Фидан денеска изјави дека ЕУ треба да усвои стратешки начин на размислување и да се оддалечи од примената на идентитетска политика во односите со Туркије.

„ЕУ треба да размислува стратешки, да стави крај на идентитетските политики во нејзиниот пристап кон Туркије, рече Фидан на прес-конференција со неговиот унгарски колега, Петер Сијарто, во турскиот главен град Анкара.

Сијарто рече дека Унгарија не може да добие природен гас без Туркије, нарекувајќи ја Анкара сигурен и предвидлив транзитен партнер.

TRT Balkan / агенции
Популарни