Потрврдена е екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Туркије, кој се очекува да биде испорачан на македонските правосудни органи.
„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција Турција (Туркије) добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, напиша министерот за правда Кренар Лога на Фејсбук.
Поранешниот политичар и бизнисмен е осомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска која била ликвидирана во близина на Скопје, а претходно истрагата се сомнева дека истата група која му помагала на Палевски го ликвидирала и Панче Жежовски од Велес.
Нивните тела беа пронајдени во ист ден, на 3 декември лани – едното во близина на Скопје, а другото кај Велес. Палевски беше уапсен неколку денови подоцна во Туркије.
Во случајот осомничени се повеќе лица кои му помагале на Палевски при извршување на грабнувањата и убиството, како и при неговото бегство од земјава.