Коронавирус во Северна Македонија: Кои возрасни групи беа најпогодени

Коронавирус во Северна Македонија: Кои возрасни групи беа најпогодени

До крајот на февруари 2023 година во земјата против Ковид-19 биле вакцинирани 841 670 лица
Според податоците на Државнот завод за статистика, 336.943 лица во Северна Македонија од 2020 до 2023 година заболеле од Ковид-19     Фото: ТРТ Балкан

Близу 10.000 заболени од коронавирус починале во Северна Македонија од почетокот на пандемијата до крајот на февруари оваа година, покажуваат најновите статистички податоци на Државниот завод за статистика. Во публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“ е прикажан детален преглед на старосните групи кои заболеле и кои починале како и половите карактеристики.

Според ДЗС, од Ковид 19 во земјата починале вкупно 9.662 заболени. Речиси половина од населението кое живее во државата е вакцинирано со две дози на вакцини против Ковид-19.

Смртни случаи по возрасни групи

Во државата се регистрирани четири смртни случаи од коронавирус на деца до девет години, три машки и едно женско. Потоа со пет смртни случаи следува категоријата од 10 до 19 години. Во сите пет смртни случаи станува збор за лица од женски пол.

Според ДЗС, имало 36 смртни случаи на возраст од 20 до 29 години и тоа 19 мажи и 17 жени. Починале 86 мажи и 49 жени на возраст од 30 до 39 години, а 375 починати од коронавирус се регистрирани кај возрасната група од 40 до 49 години. Од нив 240 се мажи, а 135 жени. Според ДЗС, регистрирани се 1.022 смртни случаи на заболени од коронавирус кои биле на возраст од 50 до 59 години или 628 мажи и 394 жени.

Најмногу починати има кај возрасната група над 60 години. Тука бројката е 8.085 починати. Од нив 4.761 се мажи, а 3.324 се жени.

Стапка на заболени и вакцинирани

Според податоците на Државнот завод за статистика, 336.943 лица во Северна Македонија од 2020 до 2023 година заболеле од Ковид-19. Најмалку се до девет години- 10.067, а најмногу над 60 години-88.766.

До крајот на февруари 2023 година во Северна Македонија против Ковид-19 биле вакцинирани 841.670 лица.

TRT Balkan
Популарни