Во Скопје речиси секојдневно има лажни дојави за бомби / Photo: AA

Дојавите за бомби во главниот град на Северна Македонија, Скопје, продолжија и денеска, а меѓу целите овој пат беше хотелот во кој беше организиран настан на кој се очекуваше учество на премиерот Димитар Ковачевски, како и Меѓународниот аеродром Скопје.

Конференцијата, која сега е откажана, ја организира Стопанската комора на Северна Македонија, а на отворањето на конференцијата беа најавени говори на премиерот Ковачевски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Подолг период во главниот град на Северна Македонија има лажни дојави за бомби. Надлежните велат дека е многу тешко да се откријат сторителите бидејќи Ви-Пи-Ен адресите се од странство.

TRT Balkan / агенции
Популарни