Германија ја очекува Северна Македонија во Европската Унија,a евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива за земјата, беше нагласено на средбата меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и германскиот канцелр Олаф Шолц. Средбата се одржа денеска во седиштетот на Обединетите Наци во Њујорк на маргините од одбележувањето на 50 годишнината од членството на Германија во ОН.
“Државничката одлука која треба да се донесе во периодот што претстои е единствена шансада се осигура квалитет на живот за македонските граѓани според европските стандарди и постигнување членство во ЕУ до 2030 година. Во спротивно како што е оценето македонските граѓани и државата е извесно дека ќе се соочат со изолација на долг рок што не е од интерес ниту на Северна Македонија, ниту на регионот и Европа, информираат од владината прес-служба”.
Како што е наведено во соопштението од македонската влада, Ковачевски му го честитал на Шолц јубилејното членство на Германија во ОН и му се заблагодарил за големиот придонес што го дава Германија во стабилноста и безбедноста на нашиот регион, Европа и светот.
“Премиерот се заблагодари на канцеларот и за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години, што ја истакнува Германија како еднен од најблиските европски партнери на нашата земја. Премиерот Ковачевски, му се заблагодари на канцеларот Шолц и за огромната поддршка која ја добиваме од Германија во демократскиот, евроинтеграцискиот и економскиот развој на нашата земја”, се вели во владиното соопштение.
Истата. како што се додава е јасно пресликана и во усвоената резолуција од страна на германскиот Бундестаг со која се потврдува нашата заложба за забрзана евроинтеграција со потврдени и признати македонски јазик, култура и идентитет.