Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во владата се сретна со амбасадорот на Туркије во Северна Македонија Фатих Улусој. Како што објави Мицкоски на неговиот фејсбук профил на средбата била потврдена соработката и меѓусебната поддршка.
“Ги потврдивме одличните односи на Македонија и Туркије. Посочив дека Владата е насочена кон искористување на сите потенцијали кои се во насока на креирање на напредок и подобар живот за граѓаните и на тој план стимулирам уште поинтензивна соработка со Туркије во полињата од меѓусебен интерес”, објави Мицкоски.
TRT Balkan / агенции