Прифатен предлогот на Министерството за култура за „Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ во Коџаџик, Центар Жупа / Photo: AA

Владата на Северна Македонија донесе одлука за основање на Национална установа „Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ во Коџаџик, Центар Жупа, пренесува Анадолу.

Владата вчера ја одржа 199-тата седница, во чии рамки биле усвоени повеќе предлози.

На предлог на Министерството за култура на земјата, Владата на оваа седница донесе Одлука за основање Национална установа „Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ во Коџаџик, Центар Жупа.

„Целта на одлуката е истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување, проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на историско-етнолошките предмети поврзани со животот и делото на Мустафа Кемал Ататурк, како и на други етнолошки и историски предмети од значење за Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение.

Мустафа Кемал Ататурк беше водач во војната за турска независност, по која беше избран од Големото народно собрание на земјата за прв претседател на современа Туркије.

AA
Популарни