Во македонската Влада ќе има промена само во министерството за локална самоуправа, а не и на други министри. Ова денеска го потврди премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски. Причината како што изјави тој е оставката на досегашниот министер. Тој се осврна и на изјавите на функционери од СДСМ кои најавија мали промени во Владата.
„Јас сметам дека ќе бидат многу мали со оглед на тоа што Владата функционира во полн капацитет, ги извршува своите обврски и ја реализира програмата така како што е договорено. Друго нема во план”, рече Ковачевски.
Тој е задоволен што предлогот од Либерално-демократската партија (ЛДП) е поранешниот градоначалник на Скопје. За тоа кога ќе биде изборот на новиот министер Ковачевски изјави дека треба да се координира со претседателот на Парламентот Талат Џафери.