Сузбивањето на говорот на омраза е долг процес за кој е потребно време, но сепак односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија по ова прашање се движат во добра насока, заклучија министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Николај Милков. На денешната прес-конференција во Скопје тие истакнаа дека минатото и историските комплекси не треба да ја одредуваат иднината на односите.
Според Османи честата комуникација со неговиот бугарски колега придонесува да се наметне позитивната агенда и да не се остави простор за нечија агенда со лоши намери. Тој истакна дека македонското МНР реагирало во случаи на говор на омраза и во Бугарија и во Северна Македонија. Шефот на македонската дипломатија не очекува дека за една вечер двете држави ќе имаат идеални односи.
„Ако оставите празен простор, вакуум нема во односите, ако оставите празен простор некој друг ќе ги во пополни празниот простор. Но не можеме да игнорираме дека имаше провокации во текот на овие месеци, дека имаше обиди за киднапирање на агендата од двете страни, од иредентистички изјави на политичари во Бугарија до изјави овде на наши политичари, па напади врз клубови на бугарската заедница овде во Северна Македонија, изјави Османи.
Македонскиот министер за надворешни работи не очекувам дека за една вечер двете држави же имаат идеални односи.
Милков, исто така, рече дека и во бугарското МНР има механизам во однос на говор на омраза,
„Најбитно е да го одржуваме тој контакт за да може да реагираме во секој случај. Имаме случаи на заеднички позитивни реакции во кои го известуваме другото министерство со цел да бидат елиминирани тие негативни тенденции, и ние ги следиме тие состојби, како во Бугарија, така и во Северна Македонија. Очигледно е дека имаме историски проблеми, што се проектираат во сегашноста и важно е да не дозволиме тие да ја одредуваат нашата иднина, нагласи бугарскиот министер.