Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, како шеф на македонската делегација престојува во тунискиот град Џерба, каде се одржува Самитот на Франкофонијата.
Тој порача дека земјата ја афирмира приврзаноста кон вредностите на Франкофонијата како што се демократијата, човековите права и културните различности.
„Почестен сум што можам уште еднаш да ја афирмирам нашата приврзаност кон вредностите на Франкофонијата и сето тоа преку францускиот јазик – јазик со голема традиција и светла иднина, изјави Османи.
„Овој јазик и вредностите кои ги олицетворува ни овозможуваат да го прошириме кругот на пријатели ширум светот. Уште еднаш срдечен поздрав од Џерба до сите пријатели франкофони“, додава Османи во пораката.
MIA