Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува во Брисел каде ќе учествува на Министерскиот состанок на НАТО.
Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75-годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.
„На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата, се наведува во соопштението од МНР.
Инаку актуелниот министер е и кандидат за претседател на државата со поддршка на владејачката партија ДУИ. Кампањата за претседателските избори во првиот круг кои ќе се одржат на 24 април започнува во четврток.
MIA