Земјите-членки на НАТО имаат за цел да испорачаат 1 милион беспилотни летала во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана во Брисел.
„Треба да се префрлиме од бавното темпо на мирно време кон високото темпо на производство кое го бара конфликтот“, додаде тој.
Дваесет сојузници на НАТО, исто така, се согласија да формираат коалиција за деминирање.
Столтенберг потсети дека во изминатите неколку дена, сојузниците, вклучувајќи ги Канада, Финска и Норвешка, објавија нови пакети помош, кои ги покриваат клучните способности како опрема и резервни делови Ф-16, како и противвоздушната одбрана.
Тој нагласи дека заедно, сојузниците на НАТО сочинуваат 99 отсто од целата воена помош за Украина, и додаде дека САД ѝ обезбедија на Украина околу 75 милијарди долари воена финансиска и хуманитарна помош. Сите сојузници и партнери на НАТО обезбедија над 100 милијарди долари.
Столтенберг рече дека министрите за одбрана, исто така, одлучиле да создадат нов центар за обука и едукација за заедничка анализа на НАТО и Украина во Полска.
Давањето на Украина на борбени авиони Ф-16 е голем придонес, рече Столтенберг и додаде:
„Целта сега е Данска и Холандија поддржани од многу други сојузници, Белгија, Норвешка и други да обезбедат обука, да обезбедат резервни делови, да обезбедат техничка помош, можности за одржување за всушност да ги направат Ф-16 одржливи и важни способности за Украина.
Четирите земји објавија во 2023 година дека ќе обезбедат борбени авиони Ф-16 на Украина.