Македонскиот премиер Димитар Ковачевски учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана     Фото: МИА / Photo: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана имал куса средба со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на Северна Македонија, објави на својата официјална Фејсбук страница премиерот Димитар Ковачевски.

Денеска за време на Самитот во Тирана, според Ковачевски, со францускиот претседател и германскиот канцелар разговарале за актуелните процеси во Република Северна Македонија.

„Разговаравме посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина, напиша Ковачевски на Феjсбук.

TRT Balkan / агенции
Популарни