Клубот во Охрид е втор бугарски културен клуб во Северна Македонија. Првиот беше отворен во Битола     Фотот: MIA

Македонската опозиција организираше протест во Охрид поради отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети” во овој град. Протестниот собир беше организиран од Левица, а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Учесниците со фрлање јајца и камења и кон просториите каде е сместен клубот и со извици „фашисти“, „нацисти“, „бугарофили“го изразија незадоволството од отворањето.

„Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно“, изјавија насобраните граѓани

Состојбата ескалира кога дел од групата демонстранти се обиде да го пробие полицискиот кордон, но полициските службеници успеаја да спречат инцидент.

Претседателот на здружението „Цар Борис Трети” Томе Блажевски рече дека здружението е отворено пред една година со сите документи, со цела почит кон државата, институциите и законите

„Ние сме почитувачи и само го избравме ликот на Цар Борис Трети, како еден бугарски цар. Не сме имале проблем со луѓето. Не сме провоцирале некој. Како што кажав, се се исполитизира, изјави Блажевски по отворањето на клубот.

Левица обвини дека нема никаква осуда за отворањето на клубот од владеачките СДСМ и ДУИ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што најави од Охрид пратеничката Рашела Мизрахи денеска ќе поднесе закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации со што, како што рече, не само што ќе се спречи идно формирање на вакви културни клубови, туку и ќе може да се реагира за веќе постојните.

MIA
Популарни