Државниот завод за статистика утврдил зголемен број исплати во Северна Македонија за новороденчиња и социјална помош / Photo: ТРТ Балкан

Бројот на семејства на кои им била исплатена еднократна парична помош за новороденче пораснал во Северна Македонија, но истовремено пораснал и бројот на малолетни и полнолетни корисници на социјална заштита. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика содржани во публикацијата „Социјална заштита на деца, млади и возрасни 2021“.

На речиси 21.000 семејства во Северна Македонија во 2021 година им бил исплатен додаток за деца. Тоа е зголемување за 2.000 во однос на 2020 година кога детски додаток добиле околу 19.000 семејства во државата.

Во продолжение малку подетално за тоа како се движел наталитетот, колку семејства во државата се пријавиле за помош за прво дете, а каде има најмногу исплатени средства за трето и четврто дете. Како и за бројот на корисници на социјална заштита.

Додатоци за четврто дете во 31 општина

Од 20.783 семејства на кои во 2021 година им бил исплатена еднократна парична помош за новороденче, очекувано најголем број 6.554 се во Скопје.

На второ место е Куманово каде 2.946 семејства добиле детски додаток за новороденче. Потоа следуваат Тетово со 1.906 и Прилеп со 1.598. Најмалку семејства добиле детски додаток за новороденче во Крушево 14, Кратово 19, Демир Хисар 20, Македонски Брод 24, Ресен 34.

Во 2021 во Северна Македонија во споредба со 2020 година се намалил бројот на семејства кои добиле трето или четврто дете. За родителски додаток за трето дете имало 25.808 пријави наспроти 27.649 во 2020 година, а за четврто дете родителски додаток користат 809 семејства за разлика од 2020 кога користеле 799 семејства.

Од 809 додатоци кои за четврто дете се исплаќат во Северна Македонија, најмногу 269 се во Скопје, 87 во Тетово, 86 во Куманово, 49 во Велес, 43 во Прилеп, 41 во Гостивар.

Преку 17.000 малолетни корисници на социјална помош

Во 2021 година бројот на малолетни корисници на социјална помош во Северна Македонија се зголемил за 7,8 отсто. Од 16.262 корисници на почетокот на 2021 година, на крајот на годината бројот се зголемил до 17.432. Најголем дел од нив се деца до седум години или меѓу седум и 13 години.

Се зголемил и бројот на полнолетни лица кои користат социјална заштита. Од близу 100.000 на почетокот на 2021 на околу 125.000 на крајот на 2021 година.

84 општини и Градот Скопје во Северна Македонија имаат вкупно 30 меѓуопштински центри за социјална работа.

TRT Balkan
Популарни