Во Унијата на Медитеранот членуват 42 држави     Фото: Ројтерс / Photo: Reuters

Унијата за Медитеранот е формирана на 13 јули 2008 година на првиот и инаугуративен Самит на претседатели на држави на Евро-Медитеранот во Париз. Функционира како регионален форум на за соработка на земјите од Европската Унија и медитеранските земји кои не се дел од Унијата. Во неа членуваат 42 држави вклучувајчи ги државите од ЕУ и држави како Туркије, Босна и Херцеговина, Албанија, Алжир, Црна Гора, Египет, Израел...

Северна Македонија беше примена последна на самитот во Барселона, а Либија има статус на земја набљудувач. Главен иницијатор за формирање на Унијата за Медитеранот е поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Мисија

Унијата за Медитеранот има мисија да ја унапреди регионалната соработка, дијалогот и имплементацијата на проекти и иницијативи со опипливо влијание врз граѓаните на државите членки. Акцентот е на младите и жените и трите стратешки цели на регионот: стабилност, човечки развој и интеграција.

Клучни прашања

Медитеранот има една од највисоките стапки на невработеност во светот. Во овој контекст, Унијата за Медитеранот е ангажирана во спроведувањето на конкретни проекти и иницијативи фокусирани на развој на бизнисот, можностите и вештините за вработување. Клучен приоритет се младите и жените. Посебно внимание се посветува на микро, малите и средни претпријатија, иновациите и економски раст.

На високото образование и истражувањето се гледа како фактори за поголема вработеност, меѓукултурен дијалог и спречување на екстремизмот. Унијата на Медитеранот се фокусира и на прашања поврзани со животната средина.

„Унијата промовира регионална соработка за заштита на Средоземното Море и природните ресурси на земјите кои припаѓаат на нејзината област и поддржува партнерства инспирирани од принципите на „зелена/сина“ циркуларна економија”, е наведено на интернет страницата на Унијата на Медитеранот.

Прашањата поврзани со енергијата и одржливите енергетски модели исто така се меѓу најзначајните. Унијата прогнозира зголемување на побарувачката за енергија во јужниот дел на Медитеранот до 2040 година за 62 отсто. Затоа ставот на членките е дека вложувањата во енергетскиот сектор треба да бидат по 20 милијарди годишно во следните 30 години. Земјите членки се залагаат и за безбеден проток на луѓе и стоки преку копно и море.

TRT Balkan
Популарни