Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање. Силјановска - Давкова од оваа позиција го разреши досегашниот директор Еролд Муслиу.
Претседателката Силјановска Давкова денеска ја разреши и заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска.
“Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање. Претседателката Силјановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности”, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
TRT Balkan / агенции