Кацарска изјави дека ТИКА долги години му помага на Уставниот суд / Фото: АА / Photo: AA

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) донираше техничка опрема за Уставниот суд на Северна Македонија.

На оваа церемонија за доделување на донираната опрема учествуваа претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, како и претставници на Уставниот суд и на ТИКА.

Кацарска изјави дека ТИКА долги години му помага на Уставниот суд.

„Денес оваа агенција донираше 10 компјутери и 10 принтери за судот. Тоа е голема помош за Уставниот суд. Овие компјутери ќе помогнат за поажурно работење, како на судиите, така и на советниците на судот“, рече Кацарска.

Таа истакна дека ова не е прва донација на ТИКА бидејќи и во оваа сала, која во судот ја користат за различни состаноци, исто така, направена е со парични средства со помош на ТИКА.

„Голема благодарност до турската агенција ТИКА за сѐ што досега го имаат направено за Уставниот суд. Се надевам дека оваа успешна соработка ќе продолжи и понатаму. Имате многу помогнато во Уставниот суд. Вие како земја сте пријатели на Република Северна Македонија. Тоа сте го докажале во повеќе ситуации“, додаде таа.

Од друга страна, Бајрак нагласи дека ТИКА од 2005 година реализира многубројни проекти во различни области во Северна Македонија.

Тој рече дека во рамките на проектите му придаваат важност на зајакнувањето на соработката до јавните институции во земјата.

„Во таа насока, во рамките на Програмата за развој на капацитети на правосудните институции, реализиравме заеднички проекти со институции, како што се Апелациониот суд Скопје, Високиот судско-обвинителски совет, Врховниот суд и основните судови во различни градови. Во овој контекст, Уставниот суд е еден од нашите важни проектни партнери“, истакна тој.

Бајрак потсети дека во 2013 година, исто така, донирале опрема за Уставниот суд, додека во 2020 година ја реновирале и опремиле салата на Уставниот суд.

Во рамките на проектот ТИКА донираше 10 компјутери и 10 принтери за Уставниот суд на Северна Македонија.

AA
Популарни