Македонската влада испрати еднострана изјава до ЕУ     Фото: АА

Северна Македонија до Европската унија ја достави едностраната изјава за јазикот која ќе биде додадена на записникот од првата меѓувладина конференција со ЕУ. Во изјавата се наведува дека според Уставот на Република Севрна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на Република Северна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

“При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со ФРОНТЕКС, истите треба да бидат потпишани со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти. Во текот на преговорите се до нивното завршување и по приемот во ЕУ, Република Северна Македонија нема да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката, се вели во едностраната изјава од македонската влада.

Во неа се споменува и кодификацијата и меѓународното признавање на македонскиот јазик.

„Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичка наука македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Македонскиот јазик беше признат на Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња одржана во Атина во 1977 година", стои во изјавата.

Еднострана изјава достави и Бугарија, во која оваа држава наведува дека македонскиот јазик настанал врз основа на бугарскиот литературен јазик збогатен со локални форми со што се стимулира природен процес заснован на дијалектна форма.

“Секое повикување на официјалниот јазик на Република Севрна Македонија
воофицијални/неофицијални документи, позиции, изјави на ЕУ и нејзините
институции, органи и служби и агенции треба да биде сфатено строго во
согласност со Уставот на оваа држава и во никој случај не треба да се толкува
како признавање од страна на Република Бугарија на македонскиот јазик”, се вели во изјавата на Бугарија.

TRT Balkan / агенции
Популарни