Пет начини како да потрошите помалку струја     Фото: TRT Balkan

Енергетската криза на глобално ниво предизвика зголемување на цената на електричната енергија. Од ваквата состојба не е исклучена ниту Република Северна Македонија и другите земји од регионот.

Економската криза, инфлацијата и енергетската криза, на површина го изнесоа прашањето како во кризните времиња граѓаните да ги намалат трошоците за електрична енергија.

ТРТ Балкан предлага пет начини како да заштедите на потрошувачката на електричната енергија, со што и трошоците за оваа намена ќе бидат пониски.

Купувајте апарати за домаќинство кои штедат струја

Еден од начините да заштедите на потрошувачката на електрична енергија е да купувате апарати кои штедат струја. Кога купувате апарати, обрнете внимание на енергетската класа на производот.

Се препорачува купување уреди кои спаѓаат во енергетска класа А кои трошат и до 35 отсто помалку електрична енергија за разлика од уредите од енергетската класа Д. Фрижидерите и замрзувачите имаат и класи А+ и А++ кои, секако, трошат уште помалку електрична енергија. Купувањето вакви уреди значи повисоки трошоци, со оглед дека уредите се од поголема енергетска класа (А) се поскапи во споредба со останатите, но тоа е долгорочно исплатлива инвестиција.

Клима уреди

Голем дел од сметката за струја оди на клима уредите, посебно во лето кога најмногу се користат. Кога се поставува климата, важно е да се има предвид нејзината позиција. Клима-уредите поставени на дирекна сончева светлост трошат и до 10 отсто повеќе електрична енергија. Доколку имате можност, најдобро е климата да се смести на северниот ѕид од куќата или зградата. Ќе заштедите и ако ја поставите климата да постигне одредена температура, на пример 23 или 24 степени целзиусови, наместо да ја ставите на најниското можно ниво.

Голема улога во штедењето на енергијата игра и редовно одржување и чистење на климата. Доколку клима-уредот е постар од 12 години, со негова замена за понов модел со подобра енергетска класа ќе се почувствува голема промена на сметката за електрична енергија.

Исклучете ги од струја апаратите што не ги користите

Електрониката троши многу струја, дури и кога е исклучена. За да не се создаваат непотребни трошоци, потребно е да бидат исклучени сите продолжни кабли.

Дури 70 отсто од електричната енергија на уредите се троши кога се изгаснати, но не се исклучени од струја. Исто така, избегнувањето на работа на апаратите во „стенд бај“ начинот на работа може да заштеди и до пет отсто од вкупната електрична енергија во домаќинството. Меѓу другото, важно е да се внимава полначите да не се оставаат непотребно вклучени во струја.

Користете ја евтината тарифа

Водете сметка за таканаречената скапа и евтина тарифа на струјата. Евтината тарифа искористете ја за пеглање како и за вклучување на апаратите кои трошат повеќе, како што се машината за перење и сушење облека, машината за садови.

Употребувајте штедливи ЛЕД сијалици

За помалку трошење струја, се советува замена на обичните сијалици со штедливите ЛЕД сијалици. Иако можеби се чини дека тие сијалици се скапи, всушност траат до 10 пати подолго од обичните сијалици. Ова е едноставен начин на штедење, а многу ефикасен.

TRT Balkan
Популарни