Исламската нова година или Хиџретската нова година го одбележува почетокот на муслиманскиот лунарен календар. Со заоѓањето на Сонцето, денес на 29 јули 2022 година, настапува Новата 1444 Хиџретска година.
Хиџретската година има 12 месеци: мухарем, сафер, ребиул-евел, ребиул-ахир, џумадел-ула, џумадел-ухра, реџеб, шабан, рамазан, зулкаде, зулхиџе.
Секој месец почнува со запазување на положбата на Месечината.
Муслиманскиот календар е лунарен и годината на овој календар е пократка 10 дена од сончевиот календар.
Како се одредува почетокот на новата година?
Постојат разни начини за одредување на тоа кога почнува новата хиџретска година, а еден од начините е употреба на научни и астрономски пресметки или според положбата на Месечината. Методите се разликуваат од држава во држава.
Кога овој календар започнал?
Исламската нова година почнува со миграција, во исламската историја позната како хиџра, на божјиот пратеник Мухамед и неговите следбеници од Мека во Медина во 622 година, откако во повеќе наврати биле прогонувани и се соочувале со закани.
Божјиот пратеник Мухамед бил присилен да го напушти својот роден град Мека и да замине таму каде нема да биде во опасност. Медина, или Јестриб како што тогаш се викала, му понудила засолниште и тој го напуштил својот град и се преселил во Медина во која останал да живее до својата смрт.
Хиџрата, која се смета за еден од најважните настани во исламската историја од обрал како почетна точка за календар во 639 година, Омер ибн. ел-Хатаб, вториот халифа.
Хиџрата на првите муслимани била пресврт и во нивното организирање и делување и како таква останала инспирација и за следните генерации, да настојуваат да бидат примерни членови на општеството, кои остваруваат личен придонес, но и придонес за колективен општествен просперитет.
Оваа исламска година ќе биде 1444 AH (Anno Hegirae на латински или „во годината на хиџра)
Како се одбележува Хиџретската нова година?
Во повеќето држави со муслиманско мнозинство не се прават свечености, но хиџретската година ја одбележуваат како државен празник. Меѓу државите во кои хиџретската нова година е муслимански празник се Саудиска арабија, Обединетите арапски Емирати, Индонезија и Тунис.
По повод настапувањето на Новата хиџертска година во земјите во регионот се одбележува на начин што во џамиите се одржува пригодна верска програма, во рамките на која се одржува соодветно предавање и се читаат делови од светата муслиманска книга Куранот.