Полуфиналето се игра во петок, а Медведев има негатива од 2:4 против Шпанецот во меѓусебните дуели / Photo: AA

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и Русинот Данаил Медведев се први полуфиналисти на Грен Слем турнирот во Вимблдон.

Рускиот тенисер Даниил Медведев стана првиот полуфиналист на Вимблдон откако го елиминираше првиот носител на турнирот Јаник Синер победувајќи со 3:2 (6:7(7:9), 6:4, 7:6(7:4) , 2:6, 6:3) за три часа и 53 минути.

Во првиот сет немаше брејк, па се играше тај-брејк. Медведев прв стигна до сет топката, но не ја искористи, а Синер успеа да ја претвори втората сет топка во 1:0. Еден брејк му беше доволен на Медведев во вториот сет за израмнување на 1:1.

На почетокот на третиот сет, по брејкот на Медведев при 1:1, Синер побара лекарски тајм-аут бидејќи се poчувствува лошо, а паузата траеше дури 11 минути. Италијанецот сепак врати и го доигра мечот до крај.

При водство од 5:4, Русинот сервираше за трет сет, но Синер успеа да направи брејк. Сетот отиде во тај-брејк, а овојпат Медведев беше подобар и поведе со 2:1.

Во четвртиот сет Синер направи два брејка и лесно го однесе мечот во петтиот решавајќи сет. Во петтиот сет, при водство од 2:1, Медведев прави клучен брејк и на крајот се пласира во полуфиналето на Вимблдон.

Алкараз, пак, кој е трет носител на турнирот по пресврт славеше против Американецот Томи Пол со резултат 3:1 (5:7, 6:4, 6:2, 6:2) за три часа и 14 минути.

Во првиот сет и двајцата тенисери рано разменија по еден брејк, а Пол го направи вториот брејк во сетот со водство од 6:5 и на тој начин поведе од 1:0.

Ова не го поколеба младиот Шпанец, кој направи два брејка во вториот сет и претрпе еден за израмнување на 1:1.

Во третиот сет Шпанецот прави дури три брејка, а еднаш го губи сервисот и стигнува до 2:1.

Во четвртиот сет Алкараз прави два брејка и рутински го приведува мечот кон крајот. Полуфиналето се игра во петок, а Шпанецот има водство од 4:2 во меѓусебните дуели против Русот.

Минатата сезона Алкараз го декласираше Медведев со 3:0 (6:3, 6:3, 6:3) во полуфиналето на Вимблдон.

TRT Balkan / агенции
Популарни