Вимблдон     Фото: АА

Македонската тениска надеж, 18 годишниот Калин Ивановски го привлече вниманието на љубителите на тенисот ширум светот со потегот во третото коло од јуниорската конкуренција на Вимблдон.

Ивановски го доби мечот од второто коло против Родриго Пачеко Санчез од Мексико со нетипичен сервис во последниот поен кој многу ретко се гледа на тениските терени. Вимблдон го постави видеото и на социјалните мрежи со коментар „дали некогаш сте виделе ваква меч топка?“.

Потегот на Ивановски предизвика реакции кај многу светски тенисери. Меѓу нив и норвешкиот тенисер Каспер Руд. Тој смета дека потегот на Ивановски не е регуларен бидејќи ја нагазил линијата и направил престап.

Калин Ивановски убедливо го доби мечот со 2:0 во сетови, (6:1 и 6:2). Во третото коло го совлада Литванецот Едис Бутвилас. со 2:1 во сетови (6:4 5:7 6:0) и се пласираше во четвртфиналето.

TRT Balkan / агенции
Популарни