Ново големо изненадување на светското фудбалско првенство во Катар. Јапонската репрезентација е заслужна за втората сензација на мундијалот.
Јапонците ја совладаа Германија со 2:1. Германија на полувреме замина со предност од 1:0. Голот за Германија во 33 минута го постигна Ѓундоган од пенал. На Германците во 44 минута им беше поништен гол кој го постигна Хавертс.
Јапонските репрезентативци во второто полувреме направија пресврт. За осум минути постигнаа два гола. Прво Доан во 75 минута израмни на 1:1, а во 83 минута Асано го постигна победничкиот погодок. Јапонците играа дисциплинирано и не и дозволија на Германија да извлече бод. Во судиското продолжение од седум минути Германија ја имаше една од најголемите шанси за изедначување, но репрезентативците на Јапонија во петерецот спречија нивната мрежа да се затресе втор пат.
Во вториот натпревар од оваа група играат Шпанија-Костарика. Вечерва силите ќе ги одмерат Белгија и Канада во групата Ф.