Италијанецот стана најслабо рангираниот играч кој го победил Србинот на Мастерс 1000 и Грен слем турнирите / Photo: Reuters

Шок за Новак Ѓоковиќ (36) во Индијан Велс! Светскиот тенисер број еден е поразен со 4:6, 6:3, 3:6 во третото коло на АТП Мастерс 1000 турнирот од Лука Нарди (20), 123. тенисер од АТП ранг листата.

Младиот 16 години помлад италијански тенисер сензационално го победи големиот фаворит по два часа и 22 минути игра, а на турнирот влезе како „среќен губитник“. Имено, Нарди загуби од Дејвид Гофин во квалификациите.

Тенисерот кој беше целосно непознат за добар дел од спортската публика подобро го отвори овој меч и веќе во петтиот гем зграпчи брејк кој не го испушти и поведе со 1:0 во сетови, додека Ѓоковиќ на од друга страна се мачеше, но и се жалеше на стомачни проблеми.

И покрај тоа, Новак се опорави од почетниот шок во вториот сет и го израмни резултатот на 1:1, но само за Нарди да се издигне во решавачкиот и, на изненадување на многумина, да го победи српскиот тенисер.

Да напоменеме и дека Италијанецот стана најслабо рангираниот играч кој го победил Србинот на Мастерс 1000 и Грен слем турнирите.

Нарди во осминафиналето ќе игра против Американецот Томи Пол, 17. тенисер на АТП ранг-листата.

TRT Balkan / агенции
Популарни