Надал (37) минатата недела во Лас Вегас одигра егзибициски меч против Карлос Алкараз во кој покажа добро ниво на форма / Photo: Reuters

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал сепак нема да игра на Мастерсот во Индијан Велс и својата одлука за повлекување од турнирот ја објави на социјалните мрежи.

„Со голема тага морам да се повлечам од овој прекрасен турнир во Индијан Велс. Сите знаат колку го сакам ова место и колку сакам да играм овде. Тоа е и една од причините зошто дојдов овде многу рано да вежбам и да се обидам да се подготвам.

Напорно работев и тренирав и сите знаете дека го направив тестот овој викенд, но не се чувствувам подготвен да играм на највисоко ниво на ваков важен настан.

Ова не е лесна одлука, всушност е тешка, но не можам да се лажам себеси и илјадниците фанови. Ќе ми недостигате сите и сигурен сум дека турнирот ќе биде успешен“, напиша Надал.

Надал (37) минатата недела во Лас Вегас одигра егзибициски меч против Карлос Алкараз во кој покажа добро ниво на форма. Тој со заштитен ранкинг влезе во главниот ждреб на турнирот и требаше да игра во четврток против Канаѓанецот Милош Раониќ. Неговото место во главниот ждреб на Индијан Велс ќе го заземе Самит Нагал од Индија.

TRT Balkan / агенции
Популарни