Надал славеше над Доминик Тим во првото коло на АТП турнирот во Бризбејн со 2:0 во сетови / Photo: AA

Познатиот шпански тенисер Рафаел Надал се врати на тениските терени по пауза од 349 дена и славеше над Доминик Тим во првото коло на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија, со 2:0 во сетови.

Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал (672, АТП) денеска го одигра првиот меч во сингл, а на стартот на АТП турнирот во Бризбејн го победи австрискиот грен слем шампион Доминик Тим (98, АТП) со 7:5, 6:1.

Шпанецот се повреди минатата година на натпреварот од Австралија опен против Мекензи Мекдоналд

Според најавите, ова би можело да биде последна сезона за Надал во кариерата.

AA
Популарни