Галатасарај во Копенхаген во последното коло ќе треба да извади виза за осминафиналето / Photo: AA

По вчерашнатите натпревари, познати се уште две екипи кои се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите, тоа се Арсенал и ПСВ Ајндховен.

Наполи остана на прагот да влезе меѓу шеснаесетте најдобри, а тоа ќе мора да го осигура во последното коло на домашен терен против Брага.

Во петтото коло од групата Ц, Наполи беше поразен од Реал во Мадрид со 4-2, додека Брага како домаќин одигра 1-1 против Унион Берлин.

Реал сигурно е прв во групата Ц, а Наполи има три бода повеќе од Брага, а и го победи португалскиот тим во 1. коло на гостински терен со 2-1.

Наполи поведе со 1-0 на Сантијаго Бернабеу со голот на Симеоне во деветтата минута, но Реал израмни веднаш штом тргна од центарот. Родриго ја заби топката во голот на гостите, додека во 22. минута веќе беше 2-1 за Реал по голот на Џуд Белингем.

Веднаш на стартот од вториот дел Замбо-Ангвис го врати Наполи во игра и израмни на 2-2, но гостите не издржаа до крајот. Младиот, 19-годишен Николас Паз шутираше од 25 метри во 84. минута и погоди за 3-2 со помош на голманот Наполи Мерето. Хоселу во судиското надополнување зголеми на 4-2 за Мадрид.

Во групата Д уште пред претпоследното коло беше јасно дека продолжуваат Интер и Реал Сосиедад, но Интер избегна тежок пораз на стадионот Луж во Лисабон. Последнопласираната Бенфика водеше со 3-0 на полувремето, но мечот заврши без победник 3-3.

Во последното коло ќе се решава и победникот од оваа група бидејќи Интер и Реал Сосиедад имаат ист број бодови. Реал Сосиедад одигра 0-0 против РБ Салцбург на домашен терен.

Арсенал го растури Ленс на стадионот „Емирати“ со 6-0, што му обезбеди на Арсенал пласман во осминафиналето, но му помогна и на ПСВ, кој исто така ќе го продолќи настапот во елитното натпреварување.

Пред последното коло ПСВ има три бода повеќе од Ленс, но и подобар сооднос меѓу нив. Арсенал е и сигурен победник во групата.

Претходно во оваа група, Севиља прокоцка домашно водство од 2-0 против ПСВ. Андалузијците беа поразени со 2-3, но сепак можат да стигнат до третото место и Лигата на Европа. За таа цел треба да го победат Ленс на гости во последното коло.

Фудбалерите на Галатасарај и Манчестер Јунајтед одиграа спектакуларен натпревар во групата А во Истанбул.

Гостите водеа со 2-0 и 3-1, но мечот заврши 3-3.

Првиот гол го постигна Гарначо во 11. минута, а Бруно Фернандеш седум минути подоцна со вистинска мајсторија ја удвои предноста на својот тим. Домашните со голот на Зиех од слободен удар во 29. минута намалија на 1:2., но во 55. минута Мектоминај го зголеми водството на Јунајтед на 3:1.

Зиех ја врати надежта на домашните навивачи со својот втор гол и овој пат од слободен удар. Но виновник за голот е гостинскиот голман Андре Онана.

Новиот гол не мораше долго да се чека. За новата „убавица“ се погрижи Актуркоглу во 71. минута и донесе израмнување и конечни 3:3 на Галатасарај.

Откако пред последното коло Баерн и ФК Копенхаген одиграа дуел без голови на Алијанц Арената, трите екипи се уште се во борба за второто место во поредокот.

Прв е сигурен Баерн, а зад Баварците по пет бода имаат Галатасарај и ФК Копенхаген, а четири бода Манчестер Јунајтед.

Во последното коло Манчестер Јунајтед игра против Баерн на Олд Трафорд, а ФК Копенхаген е домаќин на турскиот шампион.

Претходно осминафинале во Лигата на шампионите обезбедија Баерн, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Интер, Манчестер Сити, Лајпциг, Барселона, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и Лацио.


TRT Balkan / агенции
Популарни