Трагичар на Милан беше Тео Ернандез, кој поради симулација доби втор жолт картон, па домаќините со фудбалер помалку примија гол за изедначување, што беше доволно за гостите за пласман во доигрувањето / Photo: AFP

Фудбалерите на Клуб Бриж, Баерн, Бенфика и Феенорд се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, елиминирајќи ги Аталанта, Селтик, Монако и Милан во баражот од плеј-офот.

Клуб Бриж два пати ја совлада Аталанта, откако на домашен терен победи со 2:1 и славеше во Бергамо со 1:3.

Белгијците ја шокираа Аталанта во третата минута кога Талби постигна гол за 1:0. Аталанта не играше лошо во остатокот од првото полувреме, но во ниту еден момент не успеа целосно да го загрози противникот. Од друга страна, секое брзо доаѓање на Белгијците пред противничкиот гол претставуваше општа опасност за клубот од Бергамо.

Талби го постигна својот втор гол во 27. минута, а Аталанта продолжи да напаѓа и чудо е што не постигнаа гол во судиското надополнување. Најпрвин Запакоста ја погоди стативата, потоа Пашалиќ промаши со глава од еден метар, додека ударот на Куадрадо беше сопрен кога топката беше на гол-линијата.

По сето тоа следеше нов контранапад на гостите, одличен удар од 18 метри на Жутгл и водство од 3:0.

Пашалиќ беше заменет во 46. минута, а на негово место во игра влезе Адемола Лукман и погоди во првата акција од вториот дел за 1:3.

Тој гол им даде надеж на домашните, а во 61. минута за Аталанта беше досуден пенал. Но ударот на Лукман беше одбранет од гостинскиот голман Мињоле.

Беше јасно дека тој момент остави белег на Аталанта. Италијанскиот тим напаѓаше, но интензитетот падна и домаќините останаа далеку од голем пресврт.

Во осминафиналето Клуб Бриж ќе игра против Лил или Астон Вила.

Баерн по победата 1:2 во Глазгов, пред своите гледачи одигра 1:1 против Селтик.

Германците ремизираа против Селтик со голот на Алфонсо Дејвис во 94. минута, избегнувајќи продолженија и совладувајќи го шкотскиот шампион со вкупни 3:2.

По лошото прво полувреме, натпреварот се вжешти во вториот дел, поточно по голот на Селтик во 63. минута. Маеда ја украде топката од домашната одбрана, а Куен погоди за водство на гостите.

Следеа нападите на Баерн, а кога се чинеше дека ќе биде долга ноќ во Минхен, Дејвис некако успеа да погоди за 1:1 пласман во осминафиналето, каде ќе игра или со Атлетико Мадрид или со Баер.

Бенфика по победата од 0:1 на гости кај Монако одигра 3:3 на својот стадион Луж.

Бенфика поведе во 22. минута со голот на Актуркоглу, по што следеше целосна иницијатива на гостите и бројни напади од Монако. Тоа им се исплатеше на гостите бидејќи израмнија во 32. минута со голот на Минамино, а поведоа на стартот од вториот дел кога Бен Сегир си постигна автогол.

Во последните 15 минути следеше голема драма бидејќи почнаа да паѓаат голови на двете страни. Најпрвин Павлидис погоди од пенал во 76. минута за 2:2, резултат кој ќе беше доволен за Бенфика да оди понатаму.

Монако веднаш одговори и погоди во 81. минута преку Иленикен за 3:2 и потенцијални продолженија. Бенфика потоа имаше нов одговор и израмни на 3:3 со голот на Кокчу.

До крајот на мечот имаше тензични ситуации, но резултатот не се менуваше, што значеше и почеток на домашната прослава. Бенфика во осминафиналето ќе игра против Ливерпул или Барселона.

Феенорд се пласираше во осминафиналето на ЛШ благодарение на победата од 1:0 на домашен терен вопрвиот натпревар, бидејќи во реваншот вечерва одигра 1:1 со Милан.

Предноста на Феенорд од еден гол од првиот натпревар се стопи по само 36 секунди игра во реваншот. Толку време му требаше на Милан да поведе со 1:0, а голот го постигна МексиканецотХименез, кој оваа зима дојде во Милан од Феенорд.

Во преостанатиот дел од првото полувреме Милан доминираше и беше блиску до втор гол, но Феенорд ги издржа сите тие напади. А на стартот на вториот дел Милан остана со десетмина на теренот. Во противничкиот шеснаесетник Тео Ернандез одглуми прекршок, а судијата му додели втор жолт картон за симулација.

Натпреварот потоа се разводни. Милан со играч помалку тешко доаѓаше до противничкиот гол, а гостите трпеливо ја чекаа својата шанса. И тој момент дојде во 73. минута.

Прекрасната акција заврши со прецизен центаршут на Хуго Буено, а Каранца со глава ја упати топката под гредата за 1:1. Следеа обидите на Милан, но домашните останаа без втор гол и продолженија.

Феенорд во осминафиналето ќе игра против Интер или Арсенал.

TRT Balkan / агенции
Популарни