Синоќа се одиграа реванш-средбите од осминафиналето на Лигата на шампиони на Европа. Силите ги одмерија Баерн Минхен со Лацио и Реал Сосиедад со ПСЖ.
Баерн Минхен и ПСЖ изборија пласман во следната фаза на натпреварувањето - четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Баерн го избори пласманот во четвртфиналето со победата над Лацио од 3:0, додека ПСЖ на гостински терен извојува победа од 1:2 над Реал Сосиедад.
Хери Кејн го доведе Баерн во водство од 1:0 со голот постигнат во 38. минута. Пред крај на првото полувреме, во 45+2. минута Баерн поведе со 2:0 со погодокот на Томас Милер.
Конечните 3:0 ги постави Хари Кејн со својот втор гол во 66. минута од натпреварот.
Во вториот натпревар Реал Сосиедад на стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан, го пречека ПСЖ. Гостите дојдоа во водство од 0:1 во 15. минута со голот на Килијан Мбапе, кој беше стрелец и на вториот гол во 56. минута за водство на ПСЖ од 0:2.
Домаќините во 89. минута го намалија резултатот на 1:2 со погодокот што го постигна Микел Мерино, но Реал Сосиедад не успеа до крајот на средбата да постигне уште еден гол и да го избегне поразот.
Денес на програмата се уште две средби од осминафиналето на ЛШ во кои се среќаваат:
21:00 Реал Мадрид - РБ Лајпциг (1:0)
21:00 Манчестер Сити - Копенхаген (3:1)
Идната недела се играат преостанатите 4 реванш-средби од Лигата на шампиони. Се среќаваат:
12.03.2024 (вторник)
21:00 Арсенал - Порто (0:1)
21:00 Барселона - Наполи (1:1)
13.03.2024 (среда)
21:00 Борусија Дортмунд - ПСВ (1:1)
21:00 Атлетико Мадрид - Интер (0:1)