Ливерпул, кој е еден од главните фаворити за освојување на титулата, ќе игра против Спарта Прага / Photo: Reuters

Во седиштетот на УЕФА во Нион денеска беа извлечени паровите од осминафиналето во Лигата на Европа/

Ждребката одлучи главните фаворити за трофејот да не играат меѓу себе, но ќе има неколку интересни дуели како оној на трофејните Бенфика и Ренџерс.

Двојките за осминафиналето се:

Спарта Прага- Ливерпул,

Марсеј- Вилјареал,

Рома- Брајтон,

Бенфика- Ренџерс,

Фрајбург- Вест хем,

Спортинг Лисабон- Аталанта,

Милан- Славија Прага

Карабах- Баер Леверкузен

Клубовите од иста лига не можеа да се извлечат еден против друг.

Првите натпревари се закажани за во четврток на 7 март, а реваншите на 14 март.

Сепак, поради градската пресметка со Бенфика, првиот натпревар од дуелот Спортинг- Аталанта ќе се одржи во вторник на 5 март.

Финалето на Лига на Европа е закажано за 22 мај во Даблин.

TRT Balkan / агенции
Популарни