Далас на Дончиќ и Ирвинг беа немоќни во финалната серија/ Фото: Reuters

Кошаркарите на Бостон Селтикс со синоќешниот триумф против Далас Маверикс во петтиот натпревар од финалната серија стигнаа до 4:1 и со тоа до 18. титула шампиони на НБА во клупската историја, јавува Анадолу.

Селтикси одиграа феноменален натпревар во својот „ТД Гарден“ и не им дадоа можност на Лука Дончиќ и соиграчите да ја однесат финалната серија во неизвесност. На крајот на петтиот натпревар од финалето на НБА, резултатот беше убедливи 106:88 за Бостон и славењето во „ТД Гарден“ можеше да почне.

Селтикси до големата победа ги водеа Џејсон Тејтум со 31 поен, осум скока и 11 асистенции и Џејлен Браун, кој постигна 21 кош со осум скока и шест асистенции.

На другата страна, стандардно најдобар играч беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој постигна 28 поени, имаше 12 скока и пет асистенции.

За најкорисен играч на финалната серија беше прогласен Џејлен Браун кој покажа феноменални офанзивни способности, но и беше еден од најдобрите играчи на Бостон во одбраната.

AA
Популарни