Галатасарај успеа да избори реми, иако губеше со 0:2 / Photo: AA

Голеадата во Минхен на натпреварот Баерн- Манчестер Јунајтед вчера го одбележа првото коло во групите А, Б, Ц и Д во Лигата на шампионите на УЕФА.

Турскиот претставник Галатасарај ремизираше со Копенхаген во Истанбул, а Арсенал го декласираше ПСВ. Џад Белингем со гол во 94.минута му донесе минимален триумф на Реал во Мадрид против Унион Берлин.

Германскиот шампион го победи премиерлигашот од Манчестер со 4: 3 во дербито на вечерта и најефикасниот натпревар од првото коло на ЛШ.

Лирој Сане го постигна првиот гол на домаќините во 28. минута по големиот кикс на голманот на гостите, Онана, кому одбранетата топка му помина под рацете. Само четири минути подоцна, Серж Гнабри го зголеми водството на 2:0, а новиот напаѓач на „црвените ѓаволи“ Расмус Хојлунд возврати со гол во 49. Минута.

Но само четири минути подоцна, Хари Кејн со гол од пенал зголеми на 3:1. Касемиро со гол во 88. минута им ги врати надежите на гостите, но младиот француски напаѓач Матис Тел постигна гол во 92. минута за 4:2.

Сепак, три минути подоцна, Касемиро постигна уште еден гол и натпреварот заврши 4-3.

Галатасарај успеа да се поврати од кошмарниот старт за 2-2 против Копенхаген. Норвешкиот играч од средниот ред на Копенхаген, Мохамед Ељунуси ги изненади домаќините со гол во 35. минута, а на 2:0 зголеми ПортугалЕцотДиого Гонкалвеш во 58. минута.

Надежите на домаќините за пресврт се зголемија откако дефанзивецот наКопенхаген Елиас Јелерт беше исклучен во 73. минута.

Само 13 минути подоцна францускиот бек на Галатасарај, Саша Бои ја искористи асистенцијата на бразилското крило Тете и погоди со шут во горниот десен агол од голот . Две минути подоцна, Тете, кој беше прогласен за играч на натпреварот од УЕФА, постигна гол за „Лавовите“ од далечина, а Галатасарај успеа да се задоволи со тешкото реми.

Група А:

Баерн - Манчестер Јунајтед 4:3

Галатасарај - Копенхаген 2:2

Група Б: Арсенал - ПСВ 4:0

Севиља - Ленс 1:1

Група Ц:

Реал Мадрид - Унион Берлин 1:0

Брага - Наполи 1:2

Група Д:

Реал Сосиедад - Интер 1:1

Бенфика - Салцбург 0:2

AA
Популарни