Де Лихт кариерата ја започна во Ајакс каде работеше со актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Тен Хаг / Photo: AA

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед вчера потврди дека го доведе Холанѓанецот Матијс де Лихт од Баерн Минхен.

Холандскиот дефанзивец потпиша петгодишен договор со клубот од Олд Трафорд со можност за продолжување на уште една година.

„Штом слушнав дека Манчестер Јунајтед ме сака, се почувствував возбуден поради можноста за нов предизвик во историски клуб. Ерик тен Хаг ги обликуваше раните фази од мојата кариера, па знае како да го извлече најдоброто од мене. Знам што е потребно за да успееш на највисоко ниво“, изјави 25-годишниот Де Лигт по потпишувањето на договорот.

Според британските медиуми, Манчестер Јунајтед на Баерн му платил 45 милиони плус пет милиони евра бонус со исполнување на одредени услови.

Де Лихт кариерата ја започна во Ајакс каде работеше со актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Тен Хаг, а потоа го носеше дресот на Јувентус и Баерн Минхен со кои ја освои титулата национален шампион.

Досега одигра 45 натпревари во дресот на холандската репрезентација и постигна два гола.


TRT Balkan / агенции
Популарни