Динамо Загреб, актуелниот хрватски шампион и единствениот тим од регионот на Западен Балкан во овосезонската елиминациска фаза од натпреварувањата на УЕФА, вчера во Севиља го победи Бетис во првиот плеј-оф натпревар за место во осминафиналето на Конференциската лига на Европа, со резултат 1:0.
Фудбалерите на Динамо, во дуел кој дотогаш не беше особено квалитетен, поведоа во 76. минута. Ријад играше со рака во шеснаесетникот на домаќините и по прегледот на ВАР беше досуден пенал за гостите. Бруно Петковиќ беше сигурен од „белата точка“ и го доведе Динамо, како што се испостави, до победата.
Бетис до крајот на мечот не успеа да израмни и покрај големиот притисок, погодената статива и уште неколку шанси.
Реваншот меѓу Динамо и Бетис се игра на 22 февруари на стадионот „Максимир“ во Загреб.
Во другите натпревари од Конфернциската лига Ајакс дома одигра 2:2 со Бодо/Глимт иако норвешкиот тим имаше водство од 2:0 до 90. минута, Макаби Хаифа како домаќин во Будимпешта го совлада Гент со 1:0, а немаше гол на средбата Сервет- Лудогорец.
Во Лига ЕВропа исто така се одиграа натпревари од осминафиналето.
Милан беше подобар од Рен со 3:0 и заврши голем дел од работата околу пласман во осминафиналето во Лига Европа. Лофтус Чик даде два гола, а реализираше и Леао, па Росонерите прилично мирно може да патуваат на реваншот во Франција.
Изненадувачки триумф од 4:2 извојува Карабах на гостувањето кај Брага, а неочекуван резултат за малку ќе имаше и на другиот меч вечерва во Португалија, Бенфика дома го победи Тулуз со 2:1 со два гола на Ди Марија од пенали, вториот во 97-ма минута. Немаше голови на средбата Ленс-Фрајбург.