Фенербахче со головите на Батшуаји, Остерволде и Тадиќ го победи Унион СГ / Photo: AA

Во рамките на Лигата на Конференции вчера се одиграа првите осминафинални натпревари во кои за одбележување е победата на Динамо Загреб против Паок.

Динамо на Максимир славеше со резултат 2:0, а двата гола за домашната екипа ги постигна Бруно Петковиќ, во 37. и 71. минута од натпреварот.

Голема победа остварија Фудбалерите на Фенербахче, кои славеа со 3:0 на гостувањето кај Унион СГ во Брисел.

Фудбалерите предводени од Исмаил Картал поведоа во 20. минута со голот на Батшуаји.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко влезе во игра во 78. минута наместо Батшуаји, а во 84. Минута му асистираше на Остерволде за 0:2.

Во судиското надополнување, по асистенција на ВАР беше досуден пенал, откако еден од домашните фудбалери играше со рака во шеснаесетникот. Душан Тадиќ беше прецизен од белата точка поставувајќи ги конечните 0:3.

Ајакс ја пречека Астон Вила во Амстердам, а натпреварот заврши без голови. Гостите финалето го завршија без стоперот Конса, кој заработи втор жолт картон во 83. минута, а три минути подоцна беше исклучен и играчот на Ајакс, Тристан Гујер.

Лил со триумфот во Грац со 3:0 го реши прашањето за пласман во четвртфиналето, а Олимпијакос им приреди непријатно изненадување на своите навивачи. Макаби од Тел-Авив во Пиреја славеше со 1:4.

Молде оствари минимална предност против Клуб Бриж со победата од 2:1.

Макаби Хаифа и Фиорентина им приредија вистински голијада на гледачите во Будимпешта која е „домаќин“ на Израелците. Славеа гостите со 3:4 со голот на Барак во петтата минута од судиското надополнување.

На мечот меѓу Сервет и Викторија Плзен немаше голови.

TRT Balkan / агенции
Популарни