Дурант постигна 34 поени против Мемфис Гризлис, но неговиот тим загуби со 119:112 на домашен терен / Photo: Reuters

Кошаркарот на Феникс Санс, Кевин Дурант, денес стана осмиот играч во историјата на НБА што надминал 30.000 поени.

Дурант постигна 34 поени против Мемфис Гризлис, но неговиот тим загуби со 119:112 на домашен терен во „Футпринт центарот“.

„Навистина е чест да бидам во иста категорија со играчите кои помогнаа да се обликува и продолжи оваа игра“, изјави 36-годишниот кошаркар.

„Секогаш ми била целта да го извлечам најдоброто од себе секој ден, да го извлечам максимумот од мојата кариера. Да бидам споменат со овие играчи, тогаш сигурно правам нешто како што треба“, додаде Дурант.

Останатите НБА-ѕвезди кои надминаа 30.000 поени во НБА се Леброн Џејмс (41.623), Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928), Коби Брајант (33.643), Мајкл Џордан (32.292), Дирк Новицки (31.560) и Вилт Чамберлејн (31.419).

Дурант стигна до 30.000 коша во неговиот 1.101 натпревар во кариерата - исто толку колку и Абдул-Џабар. Само Вилт Чембрлен (941) и Мајкл Џордан (960) го остварија тоа побрзо.

15-кратниот Ол-стар има просек од најмалку 20 поени во секоја сезона и продолжува да погодува во со висок процент на успешност, постигнувајќи скоро 27 поени по натпревар оваа сезона.

Меѓу играчите кои одиграле најмалку 500 натпревари, Дурент е сопственик на четвртиот највисок просек на поени (27,2), заостанува само зад Џордан (30,1), Чембрлен (30,1) и Елџин Бејлор (27,4).

TRT Balkan / агенции
Популарни