Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Наполи Елиф Елмас преку социјалните мрежи упати порака по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Туркије.
„Моја драга земјо. Секој прави што може. Заедно ќе ги поминеме овие тешки денови. Туркије е мојата земја и јас ќе го направам својот дел. Рака под рака заедно ќе ги надминеме овие денови”, порача Елмас на Фејсбук.
Елмас, еден од предводниците на македонската фудбалска репрезентација има турско потекло. Фудбалската кариера ја за започна во македонски клубови. Играше и за турски Фенербахче од каде замина во Наполи.
TRT Balkan / агенции