Романците одлично го отворија мечот на „Алијанц Арена“ и по неколку добри шанси поведоа со голот на Николае Станичиу во 29. минута / Photo: AA

Фудбалерите на Романија направија големо изненадување и ја декласираа селекцијата на Украина со 3:0 во натпреварот од првото коло од групата Е на Европското првенство во Германија.

Романците одлично го отворија мечот на „Алијанц Арена“ и по неколку добри шанси поведоа со голот на Николае Станичиу во 29. минута, иако противникот имаше околу 70 проценти од поседот на топката. Украинците до крајот на полувремето се обидуваа да извршат притисок врз романскиот среден ред, но до крајот на полувремето немаше промена на резултатот.

Романците подобро го отворија вториот дел и за само неколку минути дојдоа до големо водство. Имено, најпрвин во 53. минута Разван Марин постигна одличен гол за 2:0, а веќе во 57. минута и Денис Драгуш погоди за конечни 3:0.

До крајот на натпреварот Украинците имаа иницијатива и неколку шанси, но не успеаја да го совладаат романскиот голман.

Во вториот натпревар од оваа група ќе играат селекциите на Белгија и Словачка со почеток во 18 часот.


AA
Популарни