Фудбалската репрезентација на Холандија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, откако вечерва во четвртфиналето во Берлин по пресврт ја совлада Туркије со резултат 2:1.
Турците поведоа со голот на Самет Акајдин во 35. минута, а пресвртот го донесоа Стефан Де Фреј во 70. и Мерт Мулдур со автогол во 76. минута по ударот на Коди Гакпо.
Холандија влезе како фаворит во натпреварот, но Туркије одлично изгледаше на теренот. Добрата игра на Туркије се исплатеше во 35. минута кога замената за казнетиот Мерих Демирал, Акајдин се запиша во листата на стрелци по нафрлувањето од Арда Ѓулер.
Замина Туркије со предност и на паузата, а Холандија во вториот дел тргна по пресврт. Голот за изедначување беше дело на уште еден дефанзивец.
Депај го пронајде Де Фрај во шеснаесетникот кој со глава релизираше за 1:1 на 20 минути до крајот. Ги искористи Холандија добрите минути, па во 76 минута преку несреќно дадениот автогол на Мулдур дојде и до целосен пресврт.
Но Туркије силно нападна по вториот гол, па во финишот создаде две големи прилики, меѓутоа реализацијата изостана, па Холандија обезбеди полуфинале во кое ќе игра против Англија.
Холандија на 10 јули во Дортмунд во полуфиналето ќе игра против Англија, која претходно денеска ја победи Швајцарија во Дизелдорф по изведувањето пенали со 6:4.
Швајцарија во уште еден слаб натпревар на Англичаните поведе во 75. минута, а стрелец беше Брил Емболо. Сепак, водството кратко траеше бидејќи само пет минути подоцна Букајо Сака израмни на 1:1.
Немаше голови во продолженијата, иако Шеќири во самиот финиш од корнер ја погоди гредата, па патникот во полуфиналето се бараше преку удари од белата точка.
Сите пет англиски изведувачи погодија од пенал, Палмер, Белингем, Сака, Тони и на крајот Александар-Арнолд го даде победничкиот гол за додавање.
Кај Швајцарците Акањџи шутираше прв, но исклучително лошо па Пикфорд без проблем го одбрани, што се покажа како клучниот момент од пенал рулетот.
Во првото полуфинале, во вторник од 21 часот Шпанија ќе игра против Франција.