Мечот со Грузија почнува во 18 часот / Photo: AA

Иако првата средба на фудбалската репрезентација на Туркије на ЕВРО 2024 е дури попладнево во 18 часот, на улиците на Дортмунд турските навивачи веќе создадоа одлична атмосфера.

За спектакуларната атмосфера придонесоа и „огнените“ навивачи на Туркије со палење факели и димни бомби во црвена боја. До дуелот меѓу Туркије и Грузија има уште неколку часа, но веќе е јасно дека грузиските фудбалери ќе ги дочека „пеколна“ атмосфера од трибините на БВБ стадионот во Дортмунд.

Освен средбата меѓу Туркије и Грузија, закажана за 18 часот, во првото коло од групата „Ф“ вечерва во Лајпциг со почеток од 21 часот ќе се сретнат и Португалија и Чешка.

AA
Популарни