ЕВРО 2024 продолжува со осминафиналните средби / Photo: AA

По дводневна пауза утре (29 јуни, сабота) со натпреварите од осминафиналето продолжува Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2024) чиј домаќин е Германија.

Како освојувачи на првите две позиции пласман во осминафиналето на ЕВРО 2024 обезбедија селекциите на Германија и Швајцарија во групата А, Шпанија и Италија во групата Б, Англија и Данска во групата Ц, Австрија и Франција во групата Д, Романија и Белгија во групата Е и селекциите на Португалија и Туркије во групата Ф.

Во осминафиналето пласман изборија и Словенија, Холандија, Словачка и Грузија како селекции со најдобар резултат меѓу третопласираните репрезентациите од шесте групи на ЕВРО 2024.

Првите натпревари од осминафиналето започнуваат утре. На програмата се две средби. Во 18:00 часот играат Швајцарија и Италија, а во терминот од 21:00 часот се среќаваат селекциите на Германија и Данска.

Туркије во осминафиналето игра против Австрија

Репрезентацијата на Туркије во осминафиналето ќе се соочи со селекцијата на Австрија.

Турската селекција, која првенството во групата Ф го започна со победа од 3:1 над Грузија, во вториот меч загуби со 3:0 од Португалија. Во третиот натпревар од групната фаза Туркије ја победи Чешка со 2:1.

Туркије како второпласирана во групата Ф со 6 бода, во осминафиналето силите ќе ги одмери со Австрија, лидер на групата Д.

Осминафинални парови и распоред на натпревари

Ви го претставуваме распоредот на осминафиналните парови и тајмингот на играње на натпреварите.

Сабота, 29 јуни:

18:00 Швајцарија-Италија (Олимписки стадион во Берлин)

21:00 Германија-Данска (БВБ Стадион - Дортмунд)

Недела, 30 јуни:

18:00 Англија-Словачка (Фелтинс арена - Гелзенкирхен)

21:00 Шпанија-Грузија (Стадион Келн)

Понеделник, 1 јули:

18:00 Франција-Белгија (Дизелдорф арена)

21:00 Португалија-Словенија (Франкфурт арена)

Вторник, 2 јули:

18:00 Романија-Холандија (Фудбалска арена Минхен)

21:00 Австрија-Туркије (Стадион Лајпциг)

TRT Balkan / агенции
Популарни