Британецот Луис Хамилтон денеска за првпат возеше болид на Ферари на тест патеката на италијанскиот тим, лоцирана во Фиорано Моденезе, во близина на Маранело.
Хамилтон (40) беше зад воланот на Ферари СФ-23, спецификација од 2023 година со број 44.
Британскиот возач го започна својот прв круг со Ферари во 9:16 часот на патеката Фиорано. За време на возењето, тој двапати им мавташе на околу 1.000 навивачи кои се собраа на блискиот мост и покрај студеното време.
Хамилтон го имаше првиот ден како возач на Ферари во понеделникот, откако го напушти Мерцедес на крајот на минатата година.
Хамилтон освои седум шампионски титули во Формула 1, од кои шест беа додека беше член на Мерцедес.
Официјалното предсезонско тестирање ќе се одржи од 26 до 28 февруари во Бахреин.
Новата сезона во Ф1 шампионатот официјално започнува на 16-ти март со Големата награда на Австралија.