ПСЖ ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0, а Мбабе кој реализираше пенал / Photo: AA

Со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х вчера почна Лигата на шампиони 2023/24 година, а почетокот го одбележаа настапите на Роберт Левандовски, но и на голманот на Лацио, Иван Проведел.

Пари Сен Жермен ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0 со голови во второто полувреме. Јунак на парижаните беше Килијан Мбапе кој реализираше пеналот во 49. минута, а Ахраф Хакими го удвои водството со гол од непосредна близина во 58. минута. Барселона славеше со 5-0 над Антверпен, а новодојдениот Жоао Феликс постигна два гола. Останатите три гола за Барселона ги постигнаа Желе Батај (автогол), Роберт Левандовски и Гави. За Левандовски ова беше посебен погодок бидејќи им се придружи на Кристијано Роналдо (145 гола) и Лионел Меси (132 гола) како единствените играчи кои достигнале 100 гола на клупските турнири на УЕФА.

Сепак, јунак на вечерта беше Иван Проведел, кој стана само вториот голман во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал гол со шут со глава. Голот на Проведел синоќа беше за 1-1 против Атлетико Мадрид во самиот истек на судското продолжение. Резултати : Јанг Бојс - Лајпциг: 1-3 Милан - Њукасл Јунајтед: 0-0 Феенорд - Селтик: 2-0 Лацио - Атлетико Мадрид: 1-1 Пари Сен Жермен - Борусија Дортмунд: 2-0 Манчестер Сити - ФК Црвена Звезда: 3-1 Барселона -Антверпен: 5-0 Шахтјор Доњецк - Порто: 1-3

AA
Популарни