Фенербахче успеа да постигне гол во првата минута од судиското надополнување, но тоа се покажа недоволно за триумф / Photo: AA

Фудбалерите на турскиот Фенербахче останаа без пласман во плеј-офот од Лигата на шампионите на УЕФА, откако вчера во Истанбул одиграа нерешено 1:1 во реваншот од третото квалификациско коло против францускиот Лил.

На преполниот стадион „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул првото полувреме заврши без голови. Нешто подобар беше Фенербахче, но одредени можности имаа и гостите од Франција.

Во вториот дел значително поголемиот притисок на играчите под водство на Жозе Мурињо, особено кога натпреварот се ближеше кон крајот, вроди со плод во првата минута од судиското надополнување.

По изведениот аут од десната страна, Един Џеко во шеснаесетникот успеа да ја удри топката со глава , а таа се одби од Бафоде Диаките и заврши во мрежата на гостинскиот голман Лукас Шевалие. Натпреварот заврши со резултат 1:0 за Фенербахче, па по 2:1 за домаќините во Лил натпреварот отиде во продолженија.

Во првото продолжение немаше промена на резултатот. Во вториот дел Фенербахче од 109. минута играше со играч повеќе, откако Аиса Манди доби директен црвен картон поради остриот старт врз Кахвечи. Моментот кој го реши натпреварот се случи во 118. минута, кога топката удри во раката на играчот на Фенербахче, Џејден Остерволде. Судијата на асистенција од ВАР собата досуди пенал, а Дејвид погоди од белата точка за 1:1.

До крајот остана 1:1, а на Лил доволен му беше и нерешен резултат, поради победата од 2:1 во првиот натпревар.


AA
Популарни