ФИФА донира милион долари за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија / Photo: AA

Фондацијата ФИФА, социјален субјект основан од меѓународната фудбалска управа, соопшти дека ќе донира 1 милион долари во „итна хуманитарна помош“ по разорните земјотреси на 6 февруари во Туркије и Сирија, кои ги однесоа животите на вкупно над 42.000 луѓе.

„Помошта ќе се користи за купување и дистрибуција на суштински хуманитарни предмети, како и за обезбедување итно и привремено засолниште и заштита“, се вели во соопштението.

ФИФА ќе продолжи да соработува со турската и сириската фудбалска асоцијација, „додека ќе ја следи ситуацијата и ќе одлучува за понатамошни активности“.

Фондацијата ФИФА, која е основана во 2018 година, е создадена како независен ентитет за да помогне во промовирањето на позитивни социјални промени низ целиот свет, да се подигне поддршката за обновување и реконструкција на оштетената или уништената спортска инфраструктура низ светот.

TRT Balkan / агенции
Популарни