Клубовите ширум светот потрошиле 8,59 милијарди долари за меѓународни трансфери во 2024 година, објави Меѓународниот фудбалска асоцијација (ФИФА) во својот извештај за глобални трансфери објавен во четвртокот.
Таа бројка е втора најголема потрошувачка по рекордната 2023 година кога клубовите потрошија 9,63 милијарди долари на меѓународни трансфери.
Клубовите направиле 22.779 трансфери во машкиот фудбал.
ФИФА објави и дека минатата година биле направени рекордни 78.742 меѓународни трансфери во машкиот и женскиот фудбал, како и во аматерскиот фудбал.
Англиските клубови повторно беа трошачи број еден со 1,88 милијарди долари потрошени за дојдовни трансфери, додека добија и 1,34 милијарди долари за играчи кои си заминаа.
Најскапиот интернационален трансфер беше преселбата на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид во зделка вредна околу 78,26 милиони долари, плус 20 милиони долари потенцијални додатоци.
Во првите пет меѓународни трансфери се и тие на Гонкало Рамос од Бенфика во ПСЖ, Лени Јоро од Лил во Манчестер Јунајтед, Жоао Невес од Бенфика во ПСЖ и Дани Олмо од РБ Лајпциг во Барселона.
ПСЖ беше европскиот клуб кој потроши најмногу за меѓународни трансфери, но не се дадени информации колку парижаните потрошиле, а потоа следат Манчестер Јунајтед и Лион.
Најмногу трансфери имало помеѓу бразилските и португалските клубови, вкупно 485, сметајќи ги пристигнувањата од Бразил во Португалија (262) и од Португалија во Бразил (223).
Женскиот фудбал достигна рекордно трошење од 15,6 милиони долари за меѓународни трансфери во 2024 година, што е двојно повеќе од трошењето во 2023 година (6,1 милиони долари).
Најголемиот трансфер во женскиот фудбал минатата година изнесуваше 862.000 долари, кои Беј од Сан Франциско ги плати во февруари за замбиската интернационалка Рахеал Кунданањи по нејзиното пристигнување од Мадрид ЦФФ.
Меѓутоа, во јануари оваа година тој рекорд беше соборен кога Челзи плати 1,1 милион долари за трансферот на 24-годишната американска интернационалка Наоми Гирма од Сан Диего Вејв.